Градоначалникот на Кисела Вода Филип Темелковски на средба со преставници на спортските клубови

Градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип, Темелковски пред почетокот на натпреварувачката сезона 2018/19 година оствари работна средба со претставници на спортските клубови од  Општина Кисела Вода.

 

На средбата градоначалникот Темелковски се интересираше за активностите на спортските клубови, како и за нивните планови и програма во иднина. Темелковски пред присутните информираше дека е задоволен од досегашните постигнати резултати од неколку спортски клубови.

 

Општина Кисела Вода, како што нагласи градоначалникот, ќе продолжи да им дава поддршка на спортските клубови и да го помага спортот, се со цел да се омасови и клубовите да постигнуваат подобри резултати. Спортските клубови кои ќе остваруваат добри резултати општината ќе ги помага во оставрување на истите.

 

На оваа средба претставниците од спортските клубови зборуваа за нивните потреби и воедно, се заблагодарија за поддршката која општината им ја дава досега.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.