Катастар на загадувачи ќе се изготвува во Општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода во соработка со Технолаб започна со изготвување на катастар на загадувачи.

Катастарот на загадувачи ќе содржи податоци за деловните субјекти кои ја загрозуваат или можат да ја загрозат животната средина на територијата на Општина Кисела Вода.

 

Истите ќе ги опфатат сите потребни информации за загадувачките материи кои се создаваат во текот на технолошкиот процес, а ќе бидат опфатени теми како, воздух, вода, отпад и почва.

 

Добиените податоци потоа ќе се објавуваат  на веб страната на Општина Кисела Вода и ќе се ажурираат се со цел  информирање на граѓаните за уделот и влијанието на деловните субјекти во загадувањето на животната средина. Воедно, истите ќе се доставуваат до Министерството за животна средина и просторно планирање.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.