Со есенската акција за чистење на Кисела Вода досега собрани 10 тони отпад

 

Во општина Кисела Вода во рамки на акцијата за чистење на тревните површини, парковите и улиците досега се собрани околу 10 тони смет и кабаст отпад.

- Сезонските работници денеска во МЗ Подстаница вршат целосно расчистување на сметот, а во исто време го собираат и кабастиот отпад одложен на локации во оваа месна заедница. Со овие активности опфатено е и чистење на Црниот канал. Покрај ова, се косат нараснатите тревни површини, а се кастрат и гранките на дрвјата, информираат од Општина Кисела Вода.

 

Акцијата за чистење на територијата на Кисела Вода ќе продолжи да се одвива во четврток и петок во населба и село Драчево.

 

Од Општината апелираат до сите граѓани за совесно однесување и почитување на законот за јавна чистота, како би придонеле за поздрава и почиста животна средина, велат од Општината.

 

Акцијата започна минатата недела во населбите Црниче и Пржино.

 

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.