Есенска акција за чистење во општина Кисела Вода

Во рамки на есенската акција за чистење во општина Кисела Вода, целосно е расчистен  отпадот во населбата и селото Драчево. 

 

Сезонските работници ангажирани од општина Кисела Вода покрај расчистувањето на отпадот извршиле кастрење на гранките на дрвјата и косење на нараснатите тревни површини. Се собирал и кабастиот отпад одложен на повеќе локации во месната и урбаната заедница Драчево. Во селото и населбата Драчево собрани се околу седум тони смет.

 

Со есенската акција, како што се наведува, неодамна беше извршено расчистување на отпадот во Месната станица Подстаница и во населбите Црниче и Пржино. Активностите за чистење на Кисела Вода ќе продолжат да се одвиваат в четврток и в петок во урбаните заедници „11 Октомври - бараки“ и „11 Октомври - згради“.

 

Општина Кисела Вода по повод Светскиот ден на чистењето спроведе голема еколошка акција на својата територија. Во акцијата се вклучија градоначалникот на општина Кисела Вода Филип Темелковски, заменик-министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули, претседателот на Советот на општината Дарио Шимиќ, општинската администрација, вработените од Цементарница УСЈЕ АД Скопје и претставници од здруженијата „Go Green“ и „Ice Bottle Challenge“. Во акцијата биле собрани околу 10 тони отпад.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.