Ќе се решава проблемот со дивите депонии во Кисела Вода

Во организација на НВО „Зелен институт“ во Општина Кисела Вода се одржа јавна дебата на тема: План за комуникација и кампања против диво депонирање на отпад.

 

На дебатата присуствуваа граѓани, претставници од државни институции, како и членови од невладините организации и здруженија. Присутните  имаа можност пред градоначалникот Филип Темелковски да даваат предлози и идеи за изнаоѓање на решенија за проблемот со дивите депонии на територијата на општината.

 

Градоначалникот Темелковски информираше за тоа како општината се справува со дивите депонии, како и за мерките кои се преземаат за спречување на создавањето на депонии. Темелковски нагласи дека заедно со граѓаните, граѓанските здруженија и невладините организации општината ќе работи за изнаоѓање на решение за овој проблем. Градоначалникот Темелковски најави дека во Општина Кисела Вода на местата каде што постојат депонии ќе бидат засадат садници, а на почетокот на месец октомври на територијата на Општина Кисела Вода ќе се засадат 2000 садници.

 

Наташа Амдиу, претседател на НВО „Зелен институт“ нагласи дека нивната цел е да се мапираат повеќе диви депонии, да се дискутира со граѓаните и да се слушнат нивните предлози за изнаоѓање на решение на проблемот со дивите депонии.

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.