Осум тони отпад собрани во акцијата за чистење на урбаните заедници 11 Октомври

Општина Кисела Вода собра осум тони смет во рамки на есенската акција за целосно расчистување на сметот/отпадот во урбаните заедници 11 Октомври - бараки и згради.

- Во урбаните заедници 11 Октомври - бараки и згради се собираше отпадот/сметот од улиците, тротоарите, тревните површини и парковите кои се под надлежност на општина Кисела Вода. Покрај тоа, се собираше кабаст отпад, а се кастреа и исушените гранки на дрвјата и грмушките, информираат од општината. 

Од почетокот на есенската акција, досега, нагласуваат, спроведени се активности за чистење на сметот/отпадот во урбаните заедници Пржино и Црниче, 11 Октомври бараки и згради, во населба и село Драчево и во месната заедница Подстаница. Активностите ќе продолжат в четврток и в петок во урбаните заедници Бирарија и Цветан Димов.

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани отпадоците да ги одложуваат во специјално поставените корпи и контејнери и да се придржуваат до Законот за јавна чистота, се со цел почиста и поздрава животна средина. 

Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk

Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс

© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.