Општина Кисела Вода почна со есенска дератизација

Со 20 сезонски работници, механизација, два камиона и еден багер, Општина Кисела Вода го чисти дворот на основното училиште „Кузман Шапкарев“ во Драчево.

 

Градоначалникот Филип Темелковски денеска направи увид во акцијата, а Општината апелира граѓаните да ги фрлаат отпадоците во поставените корпи и контејнери и да се придржуваат до Законот за јавна чистота. 

 

Општина Кисела Вода почна и со есенска дератизација за уништување глодари. Активностите стартуваа од населбата Драчево и ќе продолжат во сите месни и урбани заедници. Опфатени ќе бидат 3.863 шахти.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.