Објавен оглас за доделување материјална поддршка за подобрување на работењето на спортски субјекти во Кисела Вода

Општина Кисела Вода оваа година вторпат објави јавен оглас за доделување на материјална поддршка на спортските субјекти кои опстојуваат на нејзината територија.

За оваа поддршла, како што денеска соопшти Општина Кисела Вода, можат да аплицираат сите заинтересирани спортски клубови, спортски здруженија и спортски институции кои со своите програми и активности придонесуваат за развојот на спортот и физичката култура кај децата и младите на територијата на локалната самоуправа. Доделувањето на материјалната поддршка, се подвлекува во соопштението, има за цел да го подобри работењето на спортските субјекти за тековната 2018 година.

– Рокот за пријавување започна на 22 октомври и ќе трае 5 работни дена, односно до 29 октомври 2018 година, до 16:30 часот. Пријавите со целокупната документација се доставуваат лично или по пошта на адреса: Општина Кисела Вода, ул. „Петар Делјан" бр. 17 или во архивата на Општината со назнака: Пријава за јавен оглас за материјална поддршка на спортски субјекти и институции – Комисија), инфомираат од Општината.

Сите заинтересирани за аплицирање на овој јавен оглас можат да се информираат на веб страната на Општина Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.