КОЈ Е СЛЕДНИОТ КОЈ ЌЕ ГО ЗАГУБИ ЖИВОТОТ? Во Припор протест поради неизградениот потпорен ѕид

Жителите од населбата Припор денеска на протест го изразија својот револт кон општината поради неизградениот потпорен ѕид, поради кој се појави свлечиште на патот кое одзема еден човечки живот. Тие од собирно место тргнаа и ја блокираа главната улица која ги поврзува околните населби и села.
 
 
Во целост ви го пренесуваме текстот со кои жителите се обраќаат до општината и пошироката јавност:
 
 

Ние жителите од улица 14 во населба Припор се собравме денес, јавно да ги повикаме надлежните институции - Општина Кисела Вода и фирмата Баџак, изведувач на потпорниот ѕид на оваа улица, која  го доби тендерот од општината за изградба на истиод ѕид.

 

Да ни кажат и да не информираат: До каде е работата со потпорниот ѕид?? Бидејќи од кога се одпочна со работа, а тоа беше само неколку дена, се до момент кога загина работникот од фирмата Баџак. Ние жителите не гледаме никаков напредок во градбата на истиот кој представува основнен фактор со кој улицата би била безбедна за поминување, а истата представува основна потреба за завршување на личните обврски на жителите од овој дел на Припор.

 

Станува збор за потпорен ѕид кој мора да се заврши во најкус можен рок на оваа улица, бидејќи ние секојдневно се движиме по истата и секојдневно се загрозува безбедното движење по неа, затоа што ние не  знаеме  во кој момент може да се свлече и остатокот од улицата и да одземе и други жртви.

 

Почитуван, Градоначалник на Кисела Вода - Филип Темелковски, ве прашуваме вака јавно:

 

  • Кој е следниот кој треба да го изгуби својот живот, за да се направи потпорниод ѕид ??
  • Кога фирмата Баџак која го доби тендерот од општината треба да го заврши овој ѕид ??

Господине Градоначалник, Ние немаме друг пат по кој можеме да се движиме, а за ваша информација ве потсетуваме дека од овој пат секојдневне поминуваат и најмладите жители, децата од овој дел кој одат на училиште од 1 во до 4 то одееление, малку постарите од нив, средношколците, студентите, младите и средновечните жители на овој дел кој одат на работа и секако нашите најстари баби и дедовци.

 

Па затоа повторно бараме одговор од вас:

 

  • Како истите да стигнат безбедно и во прикладно време во своите училишта, факултети, работни места ???
  • Како до нашите домови да пристигне Брза помош, Пожарна или Полиција во најбрз можен рок кога најповеќе би ни била потребна???

 

Се до овој момент молчевме и стрпливо чекавме, верувавме дека ќе се одпочне со работа. Но по приложеното сфативме дека работата не оди како што треба, па сме приморани од денес па натаму вака да се собираме за да го искажеме својот револт. И доколку не се реши во најкус можен рок овој проблем, ние ви најавуваме дека ќе ја блокираме главната улица која ги поврзува  околните населби и села.

 

Исто така ве известуваме дека градоначалникот на општина Кисела вода уредно беше повикан на овој собир да биде присутен и да одговори на поставените прашања, но од општината бевме известени дека истиот е на боледување и нема да присуствува.

 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.