Најдено место за дислокација на Центарот за зависници, но се врши проценка дали местото ги задоволува условите

Центарот за зависници во Општина Кисела Вода претставува вистински страв за жителите кои живеат во тој дел на општината.

 

Тие се изјаснија дека на таа институција не и е таму местото и побараа да се дислоцита на соодветно место. Како што велат тие животот околу болницата станува неподнослив. Децата со страв ги пуштаат во училиште. Последните неколку месеци четири деца биле повредени со употребени игли, бидејќи како што велат, биле расфрлани насекаде. Жителите велат дека немаат против луѓето кои се лечат, но тоа да се прави на друго место. Исто така се жалат и на честите кражби во куќите и дворовите а шприцеви наоѓале во подрумите и гаражите.

 

За решавање на овој проблем жителите на Кисела Вода претходно реагирале и до општината и до Министерството за здраство, но не наидоа на слух за нивниот проблем, па пред два излегоа и неколку пати на протест. Тогаш им беше ветено дека надлежните ќе најдат решение и дека ќе го дислоцираат Центарот. На тогашниот протест се појави градоначалникот на општината Филип Темелковски кој им даде ветување на жителите дека за три месеци ќе се изврши дислокација на Центарот, не сакајќи да прецизира каде ќе биде преместен бидејќи како што рече тоа е работа на Министерството за здраство. Од тогашното ветување на надлежните поминаа два месеца но навидум уште нема конкретно решение на проблемот.

 

Од Општина Кисела Вода за 1-ва скопска информираат дека Министерството за здравство, Министерството за внатрешни работи и Општина Кисела Вода, активно делуваат на проблематиката која произлегува од Центарот за превенција и третман на зависници од дроги и насочени се кон пронаоѓање на најсоодветно решение,  како за пациентите, така и за општината и населението. 

 

-Најдени се соодветни места за дислокација на Центарот. За истите се врши процена дали ги задоволуваат условите за постоење на установа со таква намена, во однос на урбанистичка и административна условеност. Земајќи ги во предвид досегашните заклучоци кои произлегуваат од анализите за потребните активности кои треба да се завршат за да се спроведе во целост дислокацијата на Центарот, остануваме во правец на досегашниот даден рок од жителите директно засегнати за дислокација на Центарот, соопштија од општината.

 

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.