Презентација и анкета за ДУП во Кисела Вода

Во Општина Кисела Вода се одржа трета јавна презентација и анкета по  предлог ДУП  Градска четврт Ј20 – Блок 04, која е со површина од 35,40 хектари. Како што соопшти општината, пред жителите од овој дел на градот планот беше стручно објаснет од планерската куќа која го изведува урбанистичкото решение.

 

-Беа изнесени конкретни прашања и забелешки, беше побарано и добиено стручно мислење околу извесни идеи, како и информација за досега прифатените сугестии од страна на Општина Кисела Вода, Град Скопје и Министерството за транспорт и врски. За одредени забелешки, пак, им беше дадено образложение зошто не се прифатени во сега понуденото предлог-решение, информира Општина Кисела Вода, додавајќи дека анкетата се спроведува со цел ДУП-от да биде направен по мерка на граѓаните и да одговара на нивните реални потреби.

 

Забелешките од средбата заинтересираните може да ги доставуваат до 14 февруари секој работен ден од 7 до 15 часот преку анкетни ливчиња кои се достапни во просториите на нивните урбани заедници: „Црниче"  (ул. „Наум Охридски" бб); „Пржино" (ул. „Милан Мијалковиќ" бб) и УЗ „Бирарија" („Томе Арсовски" бр.49/8). Таму е изложен и предложениот ДУП за Градска четврт Ј20 – Блок 04,  а тој е достапен и на веб-страницата на Општина Кисела Вода. 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.