Небезбедна за пиење водата од јавната чешма во село Драчево

Небезбедна за пиење е водата од јавната чешма во село Драчево и таму е поставена табла со соодветно укажување, соопшти денеска Општина Кисела Вода.

 

Останатите чешми на територијата на општината исполнуваат критериумите за бактериолошка исправност, покажале резултатите од испитувањата спроведени од  Институтот за јавно здравје.

 

– Општина Кисела Вода преку Институтот за јавно здравје прави редовни проверки на изворите и јавните чешми два пати во годината, со цел да ги предупреди граѓаните во случај резултатите да покажат неисправност на водата за пиење, се вели во соопштението од Општина Кисела Вода.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.