Дератизација во општина Кисела Вода

Општина Кисела Вода почнува со дератизација на јавните површини на својата територија. Од утре постапката за уништување на глодарите почнува од урбаните заедници Пржино и Црниче, по што ќе бидат опфатени и сите јавни површини низ останатите месни и урбани заедници низ општината.

 

Дератизацијата ја спроведува Центарот за јавно здравје и согласно планот ќе бидат опфатени 1960 шахти.

 

Општина Кисела Вода, согласно програмата на Секторот за комунални работи, инфраструктура, сообраќај и заштита на животна срединна организира вакви акции за уништување на штетните глодачи два пати годишно, на пролет и на есен.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.