Симултанка на велемајсторот Кутиров со учесниците на „Шаховската лига на Кисела Вода 2019"

Шаховскиот велемајстор Роландо Кутиров денеска ќе биде гостин на Општина Кисела Вода и ќе одигра симултанка на 21-та табла со учесниците на „Шаховската лига на Кисела Вода 2019".

 

Настанот ќе се случи во салата на УЗ „11-ти Октомври" и ќе биде отворен за сите љубители на шахот.

 

-Предизвикот за Кутиров ќе биде уште поголем ако се знае дека неговите противници ќе бидат селектирани од осумте екипи кои годинава учествуваа во шаховската лига „Кисела Вода 2019", велат од Општината.

 

Лигата чиј покровител е градоначалникот Филип Темелковски завршува денеска со одигрувањето на последното 14. коло кое почнува во 10:30 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.