Жителите на Кисела Вода на протест за дислокација на Центарот за зависници

Жителите на Кисела Вода трет ден по ред одржуваат протест пред Центарот за зависници со што го изразуваат револтот кон министерот за здравство, кој вети дислоцирање на центарот.

 

Имено, тие на влезот ги спречуваат зависниците да ја земат терапијата во Центарот.

 

На протестот присуствуваа и градоначалникот на Општина Кисела Вода Филип Темелковски, претседателот на Советот, Дарио Шимиќ, членовите на Советот и невладините организации „Хобс", „Доверба" и „Шприц патрола", а сите заедно испратија порака дека и жителите и корисниците на овој центар заслужуваат достојно внимание за решавање на ова долго време отворено прашање и преземање радикални чекори во интерес на постигнување трајно решение.

 

Градоначалникот Темелковски посочи дека сите инволвирани страни, имаат одговорност пред своите сограѓани и затоа треба да се најде заедничко решение.

 

Темелковски наведе дека е свесен дека овој проблем сето ова време ја загрозува безбедноста и квалитетот на нивниот секојдневен урбан живот, изразувајќи подготвеност да даде максимално учество за конечно изнаоѓање на трајно решение кое и на самите корисници на Центарот ќе им овозможат квалитетен прием и потребна нега.

 

Жителка на Кисела Вода, присутна на протетост, чијашто внука пред неколку денови се боцнала на искористена игла, апелираше колку што е можно во побрз рок Центарот да биде дислоциран.

 

Еден од лицата кои протестираа нагласи дека населението во повеќе наврати се соочило со грабежи, како и дека биле напаѓани жени и деца.

 

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.