Општина Кисела Вода потпиша Договор за набавка на „кипер“

Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Филип Темелковски потпиша договор со Министерството за локална самоуправа за набавка на товарно возило „кипер“ за потребите на општината.

 

Средствата за набавката ќе бидат обезебедени преку Програмата за рамномерен регионален развој за 2019 година и од буџетот на Општина Кисела Вода.

 

Со ова, како што соопшти прес-службата на Општината, е остварена уште една од  заложбите на градоначалникот Темелковски за подобрување на услугите за жителите.

 

На потпишувањето на договорот присуствуваа министерот за локална самоуправа, Горан Милевски, вицепремиерот Кочо Анѓушев и директорот на Бирото за регионален развој, Рамиз Реџепи. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.