Бактеријата МРСА пронајдена кај дете и воспитувачка во градинка во Кисела Вода

Бактерија МРСА (Methicillin-resistant Staphylococcus aureus) е изолирана кај дете и воспитувачка во клонот „Кокиче“ во градинката „Весели цветови“ во Кисела Вода, пренесува МЕТА.

 

Во епидемиолошкото одделение во Центарот за јавно здравје информираат дека ситуацијата е под контрола и апелираат родителите да не креваат паника.

 

– Направивме епидемиолошки увид, дадовме препораки да се дезинфицира градинката. Бактеријата не е опасна за здрави деца, опасна е за пациенти кои биле на болничко лекување односно кај лица со намален имунитет. Опасна е и за новороденчињата – велат во Центарот.

 

Во февруари годинава имаше четворица пациенти со МРСА во градинка „Снежана“ во Чаир и во осноното училиште „Панајот Гиновски“ во Бутел.

 

Според микробиолозите, бактеријата ако е изолирана во градинка или во училиште, не е опасна. МРСА е стафилококна бактерија, која е поотпорна на антибиотици, но стафилококни бактерии во носот имаат 30 отсто од населението, а најчесто децата. Тие смируваат дека бактеријата не предизвикува болест кај здрави деца.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.