Општина Кисела Вода ќе врши дезинфекција на јавните површини
- Детали
- Категорија: Кисела Вода
- Создадено: 07 Октомври 2020
Оваа седмица Општина Кисела Вода на својата територија ќе стартува со активности за спречување на ширењето на вирусот Ковид-19.
В петок тим од обучени работници на Општината, во населбата и селото Драчево, ќе вршат дезинфекција на улиците и тротоарите, на урбаната опрема во парковите, на автобуските постојки, детските и спортските игралишта.
„Во периодот што следува, во сите месни и урбани заедници Општина Кисела Вода ќе продолжи да спроведува акции за дезинфекција на јавните површини. Работниците активностите ќе ги вршат со новите општински возила, со канистри за миење на улиците“, соопштија од Општината.
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс