Нов парк во Кисела Вода

Напуштениот простор во Кисела Вода, лоциран меѓу улицата Лазар Димитров и железничката пруга, зад бараките во населбата 11 Октомври, денес е нов зелен парк на површина од речиси 16.000 квадратни метри.

„Овој простор, кој е во непосредна близина на центарот на нашиот град, со децении беше запуштен и на него се создаваа поголем број депонии со шут и отпад. На почетокот на годинава екипите на Град Скопје го расчистија просторот, го израмнија теренот и засадија нова трева, а есенва се подигнати нови квалитетни дрвореди“, соопштија од Град Скопје.

Од таму најавија дека ќе продолжат со уредување на местата што претходно биле диви депонии, а кои сега прераснуваат во мали зелени оази со цел поздрава и поубава животна средина за сите граѓани.

„Град Скопје во согласност со новите стандарди на квалитет продолжува со подигнување нови дрвореди од квалитетни дрвја со просечна висина од речиси 5,5 метри, кои веднаш ќе се вклопат во екосистемот на нашиот град, толку потребно за прочистување на воздухот. Есенското раззеленување на Скопје продолжува на голем број локации во сите скопски општини“, соопштија од Градот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.