Општина Кисела Вода ќе го собира кабастиот отпад - жителите да се јават и да закажат термин

Општина Кисела Вода преку Секторот за Месна самоуправа и социјална заштита и понатаму ја продолжува практиката за собирање на кабаст отпад по урбани и месни заедници на територијата на општина Кисела Вода.

„ Поаѓајќи од фактот дека одложувањето на кабаст отпад претставува проблем за домаќинствата на територија на општина Кисела Вода и истиот се одложува на несоодветни локации на територија на Општината, би сакале да Ве информираме дека во период од 13.Септември 2021 до 24.Септември 2021 година во рамките на месните и урбаните заедници на општина Кисела Вода ќе бидат ангажирани одговорни лица и сезонски работници кои секојдневно ќе го собираат кабастиот отпад од пред домаќинствата или колективните згради на територија на општина Кисела Вода.

Секој граѓанин-жител на општина Кисела Вода ќе може да закаже термин на телефонскиот број 072/313-331 секој работен ден од 09:00 до 15:00 часот во период од 06.09.2021 до 13.09.2021 година за подигање на кабаст отпад“ велат од општината.

Оттаму додаваат дека граѓаните кои ќе сакаат да им биде собран и одложен кабастиот отпад ќе бидат должни истиот да го одложат пред нивниот објект на безбедна локација со што не би ја загрозиле безбедноста на пешаците, велосипедистите и останатите учесници во сообраќајот кои ќе се движат во тој период.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.