В среда по повод 50 годишнината на Францускиот институт изложба „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“

Францускиот институт во Скопје, галеријата Остен и Националната галерија – Чифте амам в среда, 27 ноември 2024, во 19:00 часот. ќе ја отворат на изложбата „Француските уметници од колекцијата на Остен музејот“.

 

Инаку, Остен музејот има значителна колекција со повеќе од 15000 уметнички дела од  3000 уметници од над 80 земји (слики, цртежи, графики, скулптури, предмети, како и керамики). Делата во ОСТЕН МУЗЕЈОТ се поделени во национални колекции, од кои француската колекција е меѓу најзначајните и најбројните со близу 200 француски уметници  меѓу кои освен големите мајстори како Анри Матис , се и уметници од модерната и современата уметност како Пјер Сулаж – добитник на ГРАН ПРИ за животно остварување на ОСТЕН БИЕНАЛЕ Скопје 2018 , како и уметници од разни делови на Европа и светот кои поголемиот дел од живот и кариерата ги изградиле во Франција како Пабло Пикасо или Виктор Вазарели.

 

Изложбата е во знак на затворање на прославата по повод  50 годишнината на Францускиот институт во Скопје.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.