Книга за македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник"

Книга за македонскиот стрип

Во Младинскиот културен центар денеска ќе биде промовирана книгата „Македонскиот стрип во изданијата на новосадски „Дневник‘“ на авторите Александар Стеванов, Дарко Богданов и Сашо Гачев. Објавена е со поддршка од фестивалот „Скопје креатива 2018“.

 

Во неа се опфатени стриповите на македонски автори објавени во популарните изданија на издавачот „Дневник“ од Нови Сад, а содржи и анализа за нивното културолошко влијание. Покрај историјатот и фактографијата на објавените стрипови, тие се разработени и преку 10 рецензии од визуелен и драматуршки аспект, а претставени се и повеќе насловни страници, како и некои порепрезентативни цртежи во нив.

 

- Книгите посветени на македонската стрип-историја се неверојатно малку и во последниве речиси триесет години се објавени само две. Токму затоа оваа публикација, која изнесува на виделина некои досега непознати настани од македонското стриповско минато, претставува храбар чекор кон надминување на таа ситуација и подигање барем за едно скалило повисоко на општествениот статус кој го има стрип-уметноста во Македонија, истакнува Александар Стеванов, еден од тројцата автори на книгата.

 

Извор: МИА





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.