Скопје танцов театар со премиера на „Непознато"

„Непознато"

Скопје танцовиот театар вечер во Кино Култура ќе ја одржи премиерата на претставата „Непознато“ која е трета продукција на еднинствената современа танцова компанија во Македонија за 2018 година.


Претставата се состои од две кореографии, првата под наслов „Чудаците“ во кореографија и режија на Матеа Киселичка и „Непознато - фрагменти на извонредна машина“ работена по идеја на Александра Петрушевска.


Во првиот дел настапуваат Александра Петрушевска, Адријана Данчевска и Анастасија Данчевска, оригиналната музиката е на Борко Биџовски, а се употребуваат и фрагменти од операта „Лакме“ на Лео Делиб.


Во вториот дел „Непознато - фрагменти на извонредна машина“ настапуваат Адријана Данчевска, Матеа Киселичка, Анастасија Данчевска, Дејан Битровски, Александра Петрушевска, Јоавана Зајкова, Бобан Русески, Сара Цветкова и Тереза Лазарев. 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.