Летен саем на книга во Сити мол

Летен саем на книга

Летото и годишните одмори се идеално време за опуштање, релаксација и поминување квалитетно време со добра, интересна книга. За љубителите на пишаниот збор во трговскиот центар Скопје Сити мол се одржува летен саем на книга кој на граѓаните им нуди голема понуда на книги од домашни и странски автори.

 

Саемот ќе биде отворен од денеска до 13 јуни а се одржува во организација на Македонската асоцијација на издавачи. На летниот саем на книга свои изданија нудат издавачките куќи Просветно дело, Детска радост,  Магор, Бата прес, Матица, Венеција Штип, Икона, Нампрес и Логос А. Според организторите, изданијата ќе бидат со атрактивни саемски цени, а ќе има избор за сите читателски вкусови и возрасти. Во рамките на Саемот ќе има детско катче со работилници, а за љубителите на пишаниот збор ќе биде организирано потпишување примероци, гостувања на поети... Од Здружението на издавачи најавија уште неколку Летни саеми со цел да им се приближат книгите на читателите и во другите градови.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.