Предавање и работилница за трендовите во современиот театар

Кино Култура

„Кој е авторот?‘ - Актуелни трендови во современиот германски театар“ е насловено предавањето кое денеска во „Кино Култура“ ќе го одржи Улрике Зиха - драмска авторка и драматург од Хамбург, Германија. 


Нејзиното предавање, по кое ќе има и работилница, го организира Македонскиот центар на Интернационален театарски институт, и е дел од неговата програмаа „Сирота мала богата драма (2018-2020)“.


Темата за оваа 2018 година е „Современи германски драмски автори (2010-2017)“ и во овој контекст предавањето на Зиха е посветено на креативното прашање - „Кој е авторот?‘ - Актуелни трендови во современиот германски театар“.


- Предавањето ќе овозможи преглед на актуелните трендови во современиот германски театар (2010-2017), преку видео и текстовни примери. Ќе ви ги претстави влијателните гласови од доменот на пишаната драма, поделениот театар и друг тип на текстовни продукции, нудејќи директен поглед во поврзани дебати, соопшти ИТИ Македонија.


По предавањето ќе следува креативна практична работилница: „Кој сум јас, авторот? - Стратегии за пишување и предизвици во современиот театар“, наменета за драмски автори кои се на почетокот на својата кариера.


- Ќе бидат дискутирани предизвиците и хазардерството на современото драмско пишување, вклучувајќи ги и променливите видови на авторство и нивниот импакт врз позицијата на авторот во театарот денес. Работилницата е наменета за драмски автори, писатели, поети, преведувачи од германски јазик кои зад себе имаат најмалку еден објавен или еден поставен драмски текст; најмалку една објавена авторска книга, најмалку еден книжевен превод, наведува ИТИ Македонија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.