Ликовен конкурс за изложбата „Флора и фауна-извор на животот и убавината 2018“

„Флора и фауна-извор на животот и убавината 2018“

До 25 октомври годинава можат да се испраќаат ликовни творби за 12. меѓународна ликовна изложба за деца и младинци „Флора и фауна-извор на животот и убавината 2018“.  Покровител е Министерството за животна средина и просторно планирање, а организатор Детскиот ликовен центар.


Организаторот информира дека подтемата е „Човекот и природата“ и оти учениците може да се испратат творби со позитивни и негативни примери од нивната непосредна животната средина.


Право на учество имаат децата и младите на возраст од пет до 22 години (деца од предучилишни установи-градинки, ученици од основни училишта, уметнички стручни училишта, гимназии, средни училишта и студенти од уметничките факултети во Република Македонија и странство).


Ликовните творби да не бидат врамени и не поголеми од 50x70 сантиметри. Според пропозициите, установа има право да испрати најмногу до 25 ликовни творби.


По завршувањето на изложбата ликовните творби не се враќаат на учесниците на ликовниот конкурс и остануваат составен дел во колекцијата на Ликовниот центар-Здружението на ликовни педагози-Скопје.


Творбите треба да се испраќаат по пошта на адреса: Детски ликовен центар, пошт. фах: 75, 1020-Карпош 3, Град Скопје, Република Македонија. Може да се достават и на први кат во зградата на библиотеката „Другарче“-Кинотека на Македонија. Отворањето на изложба е на 28 ноември 2018 година. Контакт е-маил: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.