Концерт на Младински светски џез оркестар во кино „Фросина"

 

Младинскиот светски џез оркестар ((JM World Jazz Orchestra) предводен од американскиот диригент Луис Бонила вечер (20:00) ќе одржи концерт во кино „Фросина“ во Младинскиот културен центар.

Концертот, кој е дел од програмата на „Скопско лето“ требаше да се одржи синоќа во Сули ан на Факултетот за ликовни уметности, беше одложен поради нестабилните временски услови и појава на дожд, информираат од „Скопско лето“.

Дирекцијата за култура и уметност-Скопје го организира концертот во соработка со Музичката младина на Македонија. 

Тоа е прв интернационален младински џез-оркестар во светот составен од 18 млади професионални џез-музичари избрани преку отворени глобални аудиции. Бендот работи со најдобри диригенти, уметници и композитори во светот и годишно оди на турнеја, појавувајќи се на престижни европски сцени и џез-фестивали.

Во рамки на нивната седма европска турнеја, овој месец тие музицираат на Балканот. Претставувајќи 12 земји, младите музичари ќе ги посетат Македонија, Бугарија, Хрватска и Словенија.

Младинскиот светски џез-оркестар е формиран во 2012 година од ЈМ Интернешнал - мрежа од невладини организации за музика за млади. Оркестарот работел со познати интернационални џез-артисти како Гонзало Рубалкаба, Џон Рајли, Хектор Мартигнон, Карлхајнц Монтро и Сиги Фигл. Има настапи на масовни концерти и џез-фестивали, вклучувајќи ги Монтро џез-фестивал, Џез-фестивалот Северно Море и Уникредит Павилјонот на Милано.

Диригентот Луис Бонила, кој го предводи мултинационалниот оркестар, е меѓународно признат тромбонист, композитор и едукатор од САД.



 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.