Познати изведувачите и песните за фестивалот „Макфест 2018"

Покрај подготовките за штипската „Пастрмалијада 2018“, во тек се и финалните подготовки за 33-тото издание на фестивалот на музика „Макфест 2018“. Штип е подготвен да оддржи уште едно издание на „Макфест 2018“, кое треба да започне на 4 октомври.

- Песните и авторите се веќе познати. Вкупно 32 композиции, познати имиња од македонската забавна сцена, но и нови лица кои бараат место на естрадата. Следи фаза на изработка на ЦД со сите песни, така што до почетокот на фестивалот ќе бидат реализирани сите планирани задачи, вели Владимир Дојчиновски, уметнички директор на „Макфест 2018“.

Од технички аспект, веќе се работи на логистичкиот дел на фестивалот.

Традиционално, големата сала на Домот на културата  „Ацо Шопов“ ќе биде комплетно подготвена за фестивалот. Се договараат последните финеси околу сцената, звукот, преносот и веќе од идната недела комплетно влегуваме во реализација на „Макфест“. Останува публиката и Македонија да слушнат нови 32 композиции од домашната продукција, изјави Кирил Панајотов, технички раководител на „Макфест 2018“.

Ѓоко Танески, Наташа Малинкова, Мартинијан Кириловски, Џокси, Тајфата и Димитар Адоновски, Дани Димитровска, Антонија Гиговска се само дел од позвучните и поискусни имиња на Макфест 2018. Драган Ристов шеф на прес-центарот денеска најави дека на 25 септември (вторник), во хотелот „Александар Палас“ (тениско) со почеток во 12:00 часот ќе се оддржи првата прес-конференција.

- Ги повикуваме сите новинари, сите медиуми, од радијата, телевизиите и порталите, да повелат на прес-средбата и да ги запознаеме со сите новитети околу Макфест 2018 и уште еднаш заеднички да напишеме убава приказна за фестивалот и за македонската музика, вели Ристов.

Традиционално, на првата прес-конференција ќе биде извлечен и редоследот за изведувачите на првата фестивалска вечер. Преносот на  фестивалот е на првиот канал на МТВ со почеток во 20:30 часот.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.