Среќен празник - Денеска е Мала Богородица, еве што не треба да се прави денеска!

Православните христијани денеска го празнуваат празникот Раѓање на Пресвета Богородица-Мала Богородица.

 

Црквата го востановила овој празник поради посебното значење што го има пресвета Богородица, па во врска со тоа и нејзиното раѓање во Божјата економија на спасението.

 

Онаа што подоцна ќе го роди Бога се роди од благочестивите родители Јоаким и Ана. Јоаким потекнуваше од еврејскиот царски род, а Ана од свештеничкиот.

 

Долго време немаа деца, цели 50 години, но имаа цврста вера во Бога и срдечно се молеа да им биде дадено дете.

 

Голема им беше радоста кога се роди Марија, но голема беше и нивната чесност пред Бога, па тие, не заборавајќи дека Бог на посебен начин им го дал детето, ја дадоа Марија да се воспитува во Ерусалимскиот храм до времето кога му стана свршеница на праведниот Јосиф, т.е. кога Бог одреди да ја прими бла¬гата вест од ангелот дека ќе го роди Спасителот Исус Христос.

 

Бидејќи ова е празник на раѓањето, мајките го поминуваат со децата. Избегнувајте ги сите потеши работи, како и работи кои се прават со рака, како на пример плетење, шиење…

 

Исто така се верува дека на овој ден не треба да се носат важни одлуки, а дека започнувањето на големи работи никако не смее да се прави.

 

Среќен празник - За многу години!





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.