Нов културен бран: Ревија на европски филмови во 8 градови низ Македонија

Од денеска до 28 септември во осум градови низ Македонија, Асоцијација на филмски професионалци и ТВ соработници на Македонија АФПМ,  организира Ревија на европски филмови.

 

На годинашната ревија ќе бидат прикажани филмови од Италија, Швајцарија, Германија, Холандија, Русија и други земји.



Љубители на филмската уметност во Струга, Прилеп, Кичево, Битола, Кавадарци, Штип, Неготино и Радовиш ќе имаат можност да се забавуваат и да уживаат во два филма од изборот на квалитетни филмски остварувања од најновата европска продукција.  



Со овој проект ќе бидат претставени повеќе европски филмови со цел да се доближат квалитетните и репрезентативни филмови од неколку големи европски кинематографии, кои се учесници и добитници на светските филмски фестивали. Станува збор за проекции на репрезентативни филмски наслови.



Проектот е поддржан во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ на Министерството за култура на Република Македонија.

 




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.