Флора VS Фауна - изложба на современ накит

Групна изложба на современ накит „Флора VS Фауна“ ќе биде поставена во Природонаучниот музеј од 26-ти до 30 септември, од 9 до 16 часот.

 

Накитот е креација на петмина дизајнери: Јоана Арделеан од Романија, Симеон Шомов од Бугарија и Јана Ацевска, Биби Клекачкоска и Глигор Кузмановски од Македонија, инспирирани од растителниот и животинскиот свет.

 

- Планетата секојдневно не одушевува и инспирира. Секоја педа земја е единствена по својата убавина, полна со растенија и животни кои се избориле да опстанат овде, со нас, велат авторите за мотивот за изложбата која ја организира „Карка Jewelry“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.