Кино проекција за најмалите во Македонска Каменица

Во организација на Културно-информативниот центар „Романса“ во Македонска Каменица се реализираше кино претстава за најмалите.

 

Целта на настанот според Горан Огнановски, раководителот на КИЦ „Романса“, е заживување на филмската уметност меѓу помладата популација.

 

- Откако пред некој ден го прикажавме македонскиот кандидат за Оскар, филмот „Исцелител“, решивме да организираме кино претстава и за најмалите. Филмот беше детски авантуристички жанр и беше наменет за ученици од петто одделение. Морам да изразам задоволство од посетеноста на настанот кој ни дава мотив да продолжиме со прикажување на слични филмски остварувања и во иднина, рече Огнановски.

 

Следните активности кои ги најавуваат од Културно инфотмативниот центар „Романса“ се во делот на театарската уметност. В четврток на репертоарот во киносалата во Македонска Каменица е комедијата „Вдовицата се мажи“, претстава во изведба на театарот „Јордан Хаџи Константинов - Џинот“ од Велес.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.