Стендап-комедија во рамки на „Нов културен бран 2018"

Во рамки на манифестацијата „Нов културен бран 2018“, утре во Домот на културата во Македонска Каменица ќе биде изведена стендап-комедијата „Вештачка интелигенција, природна глупост“ на стендап-комичарот Никола Тодоровски.

 
 
Како што информираат организаторите од здружението АСГАРД, настапот ќе биде хуманитарен.
 
 
- Оваа година АСГАРД донираше рекордни средства во локалната заедница, а практиката ќе продолжи и со ова стендап шоу. Нето-приходот од продажба на билети ќе биде дониран за подобрување на егзистенцијалните услови на фамилијата Спасевски за која во тек е хуманитарна акција, информираат од АСГАРД. 
 
 
Како дел од „T Sound Festival", настанот е поддржан од Министерството за култура со логистичка поддршка на Културно-информативен центар „Романса“ и Општина Македонска Каменица.




Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.