На 26 октомври jубилеен концерт по повод 50 години КУД ,,Китка”

По повод одбележувањето на 50 годишниот јубилеј, КУД Китка од Драчево ќе одржи јубилеен концерт, кој ќе се одржи на 26 октомври со почеток во 19 часот во Дом на АРМ.

 

Организаторите ги покануваат сите љубители на фолклорот да уживаат, а на концертот ќе бидат застепени сите генерации што учествувате уште од основањето па до денес.

 

Драги Цветковски од КУД Китка, вели дека ова друштво има постигнато многу успеси во овие 50 години, имаат гостувано во многу држави каде постигнале значајни резултати.

 

Цветковски додава дека во минатото имало поголем интерес од страна на младите за фолклорот, но за жал во денешно време има многу помал интерес, особено од страна на момчињата.

 

 

.be

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.