„Дамата со камелии" во Македонската опера и балет

Во Македонската опера и балет вечер од 20 часот ќе биде изведена раскошната балетска претстава „Дамата со камелии“ на музика од Џузепе Верди.

 

Во главните улоги ќе настапат првенците Марија Кичевска-Шокаровска и Бобан Ковачевски.

 

- Балетската продукција „Дамата со камелии“ наиде на одличен одѕив кај публиката и беше оценета со позитивна критика. Својата премиера ја имаше на 31 октомври 2014 година. Работена е на музиката на Верди, а драматуршката подлошка е земена од неговата популарна „Травијата“. Кореографијата е на еден од водечките руски кореографи Василиј Медведев, кој работи со големите театри „Бољшој“ од Москва и „Марински“ од Санкт Петербург. Прекрасните костими и убавата сценографија се дело на Павол Јураш, гостин од Словачка, соопшти МОБ. 

 

Покрај солистите Кичевска-Шокаровска и Ковачевски, ќе настапи балетскиот ансамбл и оркестарот на Македонската опера и балет. Диригент е Иван Еминовиќ.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.