Вечерва промоција на „Оној свет“ – збирка стрип-илустрации на митолошки јунаци

Македонското студентско етнолошко друштво (МСЕД) вечер од 19 часот во ГЕМ Клубот ќе промовира збирка стрип-илустрации на митолошки јунаци насловна „Оној свет“, која е резултат на проектот кој МСЕД го реализраше со поддршка на Институтот за етнологија и антропологија и Град Скопје.

 

Според МСЕД, главна цел на проектот била младите стрип-цртачи низ процес на истражување да се запознаат со народно творештво поврзано со митските јунаци и демонските суштества од македонската и од албанската народна митологија општо, и посебно од околината на Скопје, и да илустрираат дел од нив.

 

-Интересни се демонските суштества специфични за градот Скопје и неговата околина: маѓепсниците „месечарки“, вампирот и вампирџијата, караконџолите, како и други суштества специфични за македонската и албанската митологија кои, според фолклорната и етнографската литература и извори, може да се сретнат и во околината на градот Скопје: самовили, чума, ѓавол, вампир итн., наведува МСЕД.

 

Збирката содржи 19 илустрации и пет кратки стрип-приказни. Секоја илустрација е со придружен текст за ликот и претставата во народната космогонија и демонологија.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.