Со филмот „Ничија земја“ в петок започнува недела на босанскохерцеговски филм

Со проекција на филмот „Ничија земја“ од Данис Тановиќ, Кинотека на Македонија в петок ја почнува Неделата на босанскохерцеговски филм.

 

Освен филмот на Тановиќ, прикажани ќе бидат и првенецот на Емир Кустурица „Се сеќаваш ли на Доли Бел“ кој доби „Златен лав“ во Венеција за дебитантски филм, како и филмовите кои ги одбележаа шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години не само во босанскохерцеговската, туку и целата југословенска кинематографија.

 

Како што ифнромираат од Кинотека, „Битката на Неретва“ на Вељко Булаиќ кој бил номиниран за Оскар, „Жена со пејзаж“ на Ивица Матиќ и „Глув барут“ на Бахрудин Бато Ченгиќ се заслужено дел од овој избор.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.