Музејот на Македонија ја отвора изложбата „Етнолошкото наследство на малцинските етнички заедници“

Делови од народни носии и накит, како и предмети за домаќинство направени од дрво, текстил, метал и грнчарија, ќе бидат дел од изложбата „Етнолошкото наследство на малцинските етнички заедници“ што ќе ја отвори вечер Музејот на Македонија.

 

Како што информира Музејот, експонатите датираат од периодот меѓу 19. и средината на 20 век, а во себе ја носат колективната историска и емоционална меморија на заедниците: Албанци, Турци, Роми и Власи. Тие ги раскажуваат приказните за минатите времиња и културните достигнувања на етничките групи, со што се потврдува и зачувува нивниот идентитет.

 

За отворањето е најавено присуство на министерот за култура, Асаф Адеми, на министерот за дијаспора Едмонд Адеми, како и на евроамбасадорот Самуел Жбогар. Пред присутните ќе зборува директорот на Музејот на Македонија, Гордан Николов.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.