Откажан новиот филм на Саша Барон Коен

Новиот филм со контроверзниот британски комичар Саша Барон Коен, под работен наслов „Судењето на чикашките седуммина" е откажан, неофицијално – поради недостиг на финансии.

 

Проектот беше во претпродукција, а премиерата беше закажана за наредната 2019 година.

 

Приказната е за судењето на седуммина учесници во антивоените протести при Националната конвенција на американската Демократска партија во Чикаго во 1968 година.

 

Филмаџиите на интернет коментираат дека можеби буџетот и не е вистинската причина за откажувањето, туку контроверзната тема.

 

Освен Коен (попознат како Борат и Али Џи), за улога во филмот беше ангажиран и оскаровецот Еди Редмејн.

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.