Ќе се реконструра кумановскиот театар

Кумановскиот театар идната година ќе се реновира, соопшти денеска директорот на НУЦК „Трајко Прокопиев“, Сашо Тодоровски.

 

Министерството за култура одлучило во буџетот за 2019-та година да одвои средства за реконструкција на театар Куманово.

 

– Во тек е подготовка на проектна документација која би требало да се заврши во првиот квартал од годината. Реконструкацијата на објектот треба да започне во втората половина од наредната година, изјави Тодоровски.

 

Театарот е изграден далечните 60-ти години од минатиот век. Досега немало некоја посериозна реконструкција во овој објект во кој функционираат два ансамбли, на македонски и албански јазик, кои остваруваат годишна продукција од минимум осум премиери и приближно двесте изведени престави во текот на годината.

 

Се уште не се знае што точно ќе биде опфатено со реконтрукцијата, но надлежните сметаат дека ќе биде реконстриран целиот објект од под до кров.

 

– Со реконструкцијата значително ќе се подобрат условите за вработените, актерите и другиот персонал, но пред се за публиката која ќе има соодветни услови да следи квалитетни претстави, изјави Тодоровски.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.