НУ Спомен куќата на Мајка Тереза и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во РМ потпишаа меморандум за соработка

НУ Спомен куќата на Мајка Тереза и Институтот за духовно и културно наследство на Албанците во Република Македонија, денеска потпишаа меморандум за соработка.

 

На прес конференцијата што беше одржана во Спомен куќата на Мајка Тереза се обратија директорот на Институтот за духовно и културно наследство на Албанците. Скендер Асани. и директорот на НУ Спомен куќа на Мајка Тереза. Ариан Асланај. Тие ги најавија првите заеднички проекти, истакнувајќи ја важноста на овој меморандум.

 

Како што соопштуваат од Спомен куќата на Мајка Тереза, во 2019 година се планира одбележување на 100 години од смртта на Никола Кољ Бојаџиу (таткото на Мајка Тереза), промоција на вториот том од книгата „Албански католички семејства од Скопје“ како и истражување на оригинални писма напишани од Мајка Тереза на албански јазик.

 

Директорот Асланај ја изрази радоста за остварувањето на оваа соработка и во таа прилика најави дека Спомен куќата на Мајка Тереза ќе започне со подготовки за доаѓањето на Светиот Отец папата Франциско во родниот град на Мајка Тереза.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.