Празниците се идеално време за читање книги

 

Иако дигиталниот свет во кој живееме нè поттикнува да го избереме филмот пред книгата според која е направен, а динамичното секојдневие ни го скратува слободното време за континуирани средби со книгите, ниту еден изговор не е доволно силен за да го оправда дистанцирањето од книжните извори на знаење и инспирација.

 

Кога е читањето книги во прашање добро е да се знае дека научните истражувања потврдуваат дека редовното читање книги го намалува ризикот од Алцхајмерова болест кај старите лица и го забавува напредувањето на болеста.

 

 

Покрај тоа, читањето книги претставува ефективен метод за релаксација и тајно оружје против стресот.

Токму затоа ве потсетуваме дека слободните денови кои ги имате за време на празниците би можеле да бидат иделни за читање книги. Топлите приказни кои ги нудат книгите, надополнети со топол напиток, претставуваат совршен начин да се поминат празничните денови.

 

 

Домашните книжарници и издавачки куќи промовираат нови наслови, организираат дружење со автори, нудат голем број наслови со намалени цени и празнични пакети.

Ксенија Трајчева од издавачката куќа Просветно дело информира дека е значително зголемен бројот на купувачи токму пред новогодишните празници.

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.