САД и Израел го напуштија УНЕСКО

Со доаѓањето на Новата година САД и Израел го прекинаа официјалното членството во УНЕСКО - Агенција на ОН за образование, наука и култура - со аргументот дека таа зазема антиизраелски позиции, пренесоа светските агенции.

 

Вашингтон го прекина финансирањето на УНЕСКО, откако во 2011 година организацијата ја приклучи Палестина за свој член. Во октомври 2017 година администрацијата на Доналд Трамп и премиерот на Израел соопштија дека нивните земји ќе го напуштат УНЕСКО. САД инсистираат за главни реформи во оваа агенција на ОН, која е најпозната со програмата за заштита на културното наследство и традициите во светот.







Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.