До 15 јануари конкурс за „Роман на годината“, пријавувањето во КИЦ
- Детали
- Категорија: Култура
- Создадено: 04 Јануари 2019
Поради одлуката на Општина Центар да ја затвори читалната „Славко Јаневски“, романите кои конкурираат за наградата „Роман на годината“ ќе се доставуваат во Културно-информативниот центар на Град Скопје (КИЦ) до 15 јануари – крајниот рок на конкурсот, соопшти Фондацијата „Славко Јаневски“.
Романите може да се поднесуваат секој работен ден. Останатите услови од конкурсот остануваат исти: се пријавуваат пет примероци од романот или се праќаат по пошта на адреса Фондација „Славко Јаневски“, бул. „Кузман Јосифовски Питу“ бр. 19-40-6, 1000 Скопје.
Од 1999 година изборот за наградата „Роман на годината“ го организираше редакцијата на „Утрински весник“, а по неговото згаснување од лани континуитетот на наградата го зачува Фондацијата за унапредување и промоција на културните вредности „Славко Јаневски“.
Оваа година организирањето на изборот и доделувањето на наградата „Роман на годината“ одбележува 20-годишен јубилеј.
.be
Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk
Можеби ќе ве интересира:
Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс