1.000 маски и богата музичка програма на овогодишниот Вевчански карневал

Богата музичка програма и повеќе од 1.000 маски ќе го одбележат овогодинешното издание на најголемиот театар на сатирата и маски под отворено небо, Вевчанскиот карневал.

 

Карневалот кој има 14-вековна традиција и со кој се слави доаѓањето на новата година по стариот календар, ќе се одржува од 12-ти до 14-ти јануари, а како што истакна авторот на дизајнот за пасошот на Република Вевчани и на вевчанските банкноти – личници, Симун Лешоски, маските се веќе изработени, но се држат во строга тајност, се до отварањето на карневалот.

 

Според Лешоски, кулминација на настанот е на 14 јануари утрото во 2 часот и 30 минути по полноќ кога младоженецот и невестата одат да полнат вода на вевчанските извори од која подоцна приготвуваат кашарник.

 

На Вевчанскиот карневал и годинава ќе има многу музика. Забавата ќе почне на 12 јануари, кога ќе настапат групата Архангел и Неша (Галија), Културно уметнички работници и Ди Џеј Рутбој. Следниот ден 13 јануари, во 14 часот ќе почне дефилето на маски.

 

Во пресрет на Василица и пречекот на православната Нова година, вечерта на 13-ти присутните гости и василичарите ќе ги забавуваат Кате и Нели ти реков, Баклава, Џубокс бенд и Оркестар Зурли и тапани од Вевчани.

 

Карневалот ќе заврши истиот ден попладнето, со традиционалното палење на маските.

 

Вевчанскиот градоначалник Сашо Јанкоски, кој ги покани сите што имаат желба да дојдат на вевчанскиот карневал, рече дека ова ќе биде уште една можност за уникатно искуство.

 

Организаторите очекуваат околу 10 илјади посетители.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.