Предлог книги за студените зимски денови

Четврта година по ред книгите на Гијом Мисо се најактуелни книги во Македонија. ,,Ако не постои утре,, и ,,Девојката од Бруклин,, од Гијом Мисо и ,,Т.е. љ.у.б.а.м. - тоа е вистината,, од Александар Алексов се најпродавани книги во Македонија за 2018 година.

 

Љубителие во пишаниот збор со книгата се дружат преку целата година, но сепак зимата се смета за најдобра сезона за читање. Во продолжение ви нудиме неколку предлог книги од различни жанрови и за сечиј вкус, идеални за овој период од годината.

 

Читањето книги може да ги разубави студените зимски денови, а зимата всушност е најдобрата сезона за читање.  Тоа го покажуваат и спроведените истражувања за тоа во кој период од годината најмногу се читаат книги. Повеќе од 30 отсто од луѓето кои се вљубеници во пишаниот збор, во текот на зимските месеци поминуваат повеќе време со книгите отколку во другиот период од годината.

 

Студеното време и покусиот ден ги поттикнуваат читателите да седат дома и да се дружат со книгите. Во овие студени денови, кога поголемиот дел од слободното време го минуваме затворени по дома, книгата е идеално средство за зимско уживање. Не постои посовршен период од годината за да седнеме под топло ќебе или пред каминот или печката, да ја одбереме  омилената книга и да уживаме во книжевната авантура. Токму затоа направивме интересна листа со предлог книги за читање од различни жанрови и за сечиј вкус.

 

Топли приказни за студените зимски денови можете да најдете во книгите  ,,Небо од капини,, од Наташа Крамергер, ,,Немиот дом,, од Орхан Памук, ,,Тајната на сопругот,, од Лиен Мориарти, ,,Нека победи подобриот,, од Џули Џејмс и ,,Сонувај малку, од Сузан Елизабет Филипс.

 

Три наслови кои се интересни и ќе го задржат вашето внимание, а воедно и ќе ве насмевнат, ќе ве зачудат, ќе ве расплачат се книгите ,,Девојката од Бруклин,, од Гијом Мисо, познат француски автор и  еден од најпродаванати автори во Франција, ,,Последниот воз за Истанбул,,од Ајше Кулин која е приказна за тоа како традиционалните норми можат да и наштетат на љубовта, приказна за тоа дека силата на љубовта е најмоќна, но и приказна за тоа дека војната менува многу нешта и книгата ,,Љубовниот детекти,, од Александра Потер.

 

Од мајсторската рака пак на Ден Браун читателите ќе можат да доживеат нова авантура во светот на кодираните пораки. Овој пат една кодираната порака ќе ги одговори двете фундаментални прашања на човековото постоење - Од каде доаѓаме? Каде одиме? Станува збор за книгата ,,Потекло,, од Ден Браун.

 

Книгата е инспирација и учител за многу нешта во животот и ви помага да го најдете одговорот на прашањето, што е навистина важно и за што вреди да се бориме во животот. Токму затоа и домашните книжарници и издавачки куќи промовираат нови наслови, организираат дружења со автори, нудат голем број наслови со намалени цени, празнични пакети, препораки и неделни акции за редовните читатели.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.