Фестивал на чајот и читањето од 15 јануари до 15 февруари

Фестивалот на чајот и читањето оваа година ќе се одржува од 15 јануари до 15 февруари и ќе опфати промоции на книги, читања и работилници.

 

Организатори се издавачката куќа „Феникс“, Фондацијата „Македонија презент“, Институтот за наука, алтернатива, култура и уметност ИНАКУ и Здружението „Интеракција плус“.

 

Во рамки на фестивалот ќе бидат промовирани книгите „Детскиот тематски свет на Ацо Караманов“  од Мито Спасевски, „Вработувањето на лицата со посебни потреби во Република Македонија“ од Ана Петреска и „Книга за чајот“ од Какузо Окакура.

 

Ќе биде реализирана анкета на тема „Што читаат средношколците“, како и  промотивна работилница по повод изданието „Чекор по чекор до правилен  говор“.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.