Од денеска до 15 февруари ,,Фестивал на чајот и читањето,,

Од денеска до 15 февруари љубителите на пишаниот збор ќе имаат можност да бидат дел од традиционалната манифестација ,,Фестивал на чајот и читањето”која оваа година се одржува по 9-ти пат.

 

Организаторот на фестивалот Христо Петрески информираше дека во рамките на фестивалот предвидени се бројни активности, од промоции на нови изданија, работилници, средби со автори, ликовни изложби, како и настап на учесниците од конкурсот за најдобра песна, расказ, есеј, уметничка слика и најдобра уметничка фотографија на тема ,,Чај”.

 

За време на одржувањето на Фестивалот на чајот и читањето Културниот центар ,,Феникс”  предвидува и попусти на книфите од 50% до 80% . Феникс на читателите им нуди богата понуда на книги со околу 3500 изданија.

 

 

 

 





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.