Објавен конкурсот за Меѓународниот фестивал на карикатура и афоризам

НУЦК „Антон Панов“ го објави Конкурсот за 20 Меѓународен фестивал на карикатура и афоризaм „Струмица 2019“, што секоја година се одржува во Струмица по повод Карневалот.

 

И годинава конкурсот е на тема „Карневал-Еротика“.

 

Во категоријата Афоризам секој автор може да учествува со најмногу 10 афоризми отпечатени во три примероци со шифра и со податоци за авторот во затворен плик. Учесниците можат да учествуваат  и со повеќе трудови  од по 10 афоризми со шифра за секој труд.

 

Во категоријата Карикатура, секој автор учествува со најмногу три карикатури, работени  во техника по избор на авторот, со димензии А4. На секоја карикатура треба да стојат податоци за авторот на задната страна.

 

Краен рок на пристигање на трудовите е  најдоцна до 19 февруари 2019 година.

 

Жири комисијата доделува три главни награди-златна, сребрена и бронзена плакета, со право организаторот да додели одреден број на дополнителни награди.

 

Сите дела пристигнати во определениот рок, ќе ги разгледа соодветно жири, што ќе ги додели наградите на 11 март 2019 година (на Чист понеделник), кога ќе биде организирана изложба и презентација на наградените дела.





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.