Комисиите од Министерството за култура почнаа да ги преразгледуваат одбиените апликации

Комисиите од Министерството за култура денеска почнаа повторно да ги рзгледуваат апликациите кои се одбиени на Годишната програма за 2019 година.

 

За нив одлуките се поништуваат и доколку по повторното разгледување се утврдат недоследности, како што соопшти Министерството за култура, листата на поддржани проекти од национален интерес ќе биде дополнета.

 

Во просториите на Министерството секоја од деветте комисии почна да ги разгледува одбиените апликации. Од Министерството со соопштение ќе известат дали тие ќе имаат рок до кога ќе трае преразгледувањето и дали е предвиден дополнителен буџет.

 

.be





Забрането копирање на авторска содржина без претходна писмена потврда од МТМ ТВ ДООЕЛ. Доколку сметате дека вашето авторско право е прекршено ве молиме да не контактирате на info@mtm.mk



Можеби ќе ве интересира:

Сите статии објавени на МТМ.мк се во согласност со ИАБ етичкиот кодекс


© MTM ТВ Дооел - Скопје. Сите права се заштитени.